1.1. NG Metrix (ng-metrix.com) е услуга на НГ Солушнс ДООЕЛ Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр. 20-101, 1000 Скопје, ЕМБС 7854676, ЕДБ 4080025631992 („ние“). Контакт: contact@ngsolutions.mk.
1.2. NG Metrix следи температура, влажност, врата и струја во ладилници, магацини и возила, праќа аларми по е-пошта и СМС, ги чува потврдените аларми со корективните мерки и прави PDF извештаи. Опремата се продава посебно, според понудата.
1.3. NG Metrix е помошно средство за контролата на Клиентот. Не е мерен инструмент и не ги заменува обврските на Клиентот за безбедност на храната. Сертификатот по EN 12830 го има само сертифицираниот сензор — не стандардниот сензор, уредот, софтверот ниту извештајот.
1.4. Условите важат меѓу нас и правното лице или трговецот поединец што ја користи услугата во својата дејност („Клиентот“); односот е деловен, а услугата не се нуди на потрошувачи. Клиентот ги прифаќа овие услови, Договорот за обработка на личните податоци и понудата со прифаќањето на понудата или при првата најава на сопственикот, и потврдува дека ја прочитал Политиката за приватност. Лицето што прифаќа потврдува дека е овластено да го застапува Клиентот.
2. Сметки
Клиентот ги кани корисниците, им доделува улоги и одговара за сè што се прави преку нивните сметки; навреме ги деактивира лицата што заминуваат. Лозинките се лични. За сомнителна најава Клиентот веднаш нè известува.
3. Обврски на Клиентот
3.1. Клиентот ги определува границите за аларм, правилата за тишина, тивките часови и контактите за аларм, ги проверува по инсталацијата и ги одржува точни — и кога ние ги внесуваме според неговите податоци.
3.2. Клиентот ги чува сензорите и уредите на своето место, со струја, неоштетени и со мрежа, и веднаш нè известува ако ги премести, оштети или изгуби.
3.3. Клиентот обезбедува некој да ги прима алармите и да постапи по нив. Одлуките за стоката ги носи Клиентот.
3.4. Клиентот сам ги исполнува своите законски обврски: HACCP, чување на записите во законските рокови, проверка на мерните инструменти по EN 13486 каде што прописот ја бара и информирање на вработените и возачите. NG Metrix не следи рокови за проверка или калибрација. Мерењата, потврдите и извештаите ги чуваме 3 години додека трае договорот; пред престанокот, и за подолги рокови, Клиентот сам ги презема извештаите.
4. Аларми
4.1. Алармот се праќа штом NG Metrix ќе забележи излегување од опсег или друг настан за кој е поставено правило, според поставките на Клиентот; тивките часови ги задржуваат само предупредувањата.
4.2. Мерењата и алармите зависат од струјата, мобилната мрежа, интернетот, давателите на СМС и е-пошта и од уредите на примачот, па не гарантираме дека секоја порака ќе стигне, ниту кога. Додека уредот е без врска, аларм не може да се испрати, а дел од податоците (на пр. влажност и врата) се губи.
5. Извештаи
Извештајот ги прикажува податоците што NG Metrix ги примил; периодите без мерења се означени. Извештајот за инспекција се прави само од сертифицираните сензори (EN 12830); ако во единицата во периодот не мерел ниту еден, извештај за неа не се прави. Извештајот не е наша потврда дека Клиентот е усогласен со прописите.
6. Опрема
6.1. Опремата ја испорачуваме и ја инсталираме според понудата; Клиентот обезбедува пристап (и за одржување), струја и безбедни услови.
6.2. Продадената опрема е наша до целосното плаќање, а ризикот преминува на Клиентот со испораката.
6.3. Важи гаранцијата на производителот, која ја остваруваме преку нас; не опфаќа оштетување, неправилна употреба, зафати од трети лица и истрошени батерии. Надвор од гаранцијата одговараме само со поправка или замена, освен кога законот определува поинаку. Видливите недостатоци Клиентот ги пријавува при предавањето, а скриените — веднаш штом ќе ги открие. Не гарантираме покриеност со мобилна мрежа.
7. Достапност и поддршка
Се трудиме NG Metrix да работи постојано, но не гарантираме непрекината работа ниту процент на достапност. Одржувањето го правиме кога оптоварувањето е најмало, а итни безбедносни поправки и без најава. Поддршката (е-пошта, телефон, терен) е според пакетот во понудата; известувањата и пријавите за дефект одат на contact@ngsolutions.mk.
8. Цени и плаќање
8.1. Надоместоците, СМС пораките, поддршката и дополнителните посети се според понудата; на нив се пресметува ДДВ. Фактурата се плаќа на сметката и во рокот наведени во неа, а ако нема рок — за 10 дена од издавањето. За задоцнето плаќање се пресметува законска затезна камата. Бесплатниот период што ќе го дадеме важи само како што е наведен во понудата или во NG Metrix и не поништува ниту една претходно неплатена фактура.
8.2. Ако фактурата не е платена до рокот, му праќаме на Клиентот опомена по е-пошта. Ако фактурата и потоа не е платена, сметката на Клиентот во NG Metrix автоматски се блокира — најрано 10 дена по рокот за плаќање и најрано 7 цели дена по опомената; ако тој ден падне во сабота или недела, блокирањето е во понеделникот. Од блокирањето престануваат сите аларми — по е-пошта и по СМС, и критичните — и единиците на Клиентот повеќе не се следат. Апликацијата се заклучува: сопственикот може само да се најави, да го преземе целосниот извоз на податоците и да види како да плати. Блокирањето не го намалува надоместокот.
8.3. Ако долгот не е платен ни 60 дена по блокирањето, договорот престанува и сите податоци на Клиентот автоматски се бришат, освен оние што остануваат според точка 9.3. Предупредување праќаме најмалку 7 дена пред денот на бришењето. Должност на Клиентот е пред тој ден да ги преземе и да ги чува записите што по закон мора да ги чува (на пр. за HACCP). Долгот останува и по блокирањето и по бришењето.
8.4. Штом ќе ни стигне уплатата на долгот, сметката ја отклучуваме без одлагање. Може да ја отклучиме и во секое време пред тоа, и за определен период (на пр. на ветување за плаќање); ако долгот не е платен до крајот на тој период, сметката повторно автоматски се блокира, за што Клиентот го известуваме при отклучувањето.
9. Траење и престанок
9.1. Договорот трае колку што определува понудата, а ако не определува — на неопределено време. Клиентот може да го откаже со известување 30 дена однапред; ако понудата определува минимален период, откажувањето важи најрано на неговиот крај. Ако Клиентот откаже без причина на наша страна, однапред платеното не се враќа.
9.2. Ние може да откажеме со известување 30 дена однапред без образложение, а веднаш при сериозно прекршување на овие услови. Ако откажеме без причина на страната на Клиентот, го враќаме однапред платеното за периодот потоа.
9.3. По престанокот, освен според точка 8.3, Клиентот има 30 дена да ги преземе извештаите, а на писмено барање доставено во тој рок му доставуваме и целосен извоз (CSV). Потоа податоците се бришат, а резервните копии — по нивниот редовен циклус. Остануваат само податоците за Клиентот, фактурите, записот за прифаќањето и евиденцијата на активностите, колку што бара законот или до застарувањето на меѓусебните побарувања.
10. Што не е дозволено
Копирање, препродажба, изработка на конкурентски производ, преоптоварување, незаконска употреба и обид за пристап до податоци на друг клиент се основ за блокирање на сметката или откажување на договорот. При непосредна безбедносна закана може веднаш да го ограничиме пристапот, без бришење податоци.
11. Одговорност
11.1. Клиентот одговара за стоката, за одлуките за неа и за своите законски обврски.
11.2. Не одговараме за расипана стока, повлекување производи, казни и глоби, изгубена добивка и друга индиректна штета, ниту за штета од: погрешни граници, поставки или контакти; преместени, оштетени или исклучени уреди; корисниците, уредите и лозинките на Клиентот; прекин на струјата, мобилната мрежа, интернетот или кај давателите на СМС и е-пошта; блокирање на сметката поради неплатен долг.
11.3. Нашата вкупна одговорност е ограничена на надоместоците за NG Metrix што Клиентот ни ги платил во последните 12 месеци пред настанот.
11.4. Точките 11.2 и 11.3 не важат за штета предизвикана со намера или груба небрежност, ниту за одговорност што со закон не може да се исклучи или ограничи.
11.5. Клиентот нè обесштетува за барања на трети лица, вклучително казни, што произлегуваат од негово кршење на овие услови или на прописите.
11.6. Не одговараме за неисполнување поради виша сила, вклучително прекин кај трети даватели; ако трае подолго од 30 дена, секоја страна може да го откаже договорот.
12. Измени
За измени на условите или на цените известуваме по е-пошта 30 дена однапред. Клиентот што не се согласува може да го откаже договорот пред измената, и во минималниот период, без надоместок за периодот потоа; ако продолжи да ја користи услугата, ја прифаќа измената. Новите цени никогаш не важат наназад ниту за веќе платен период. Измени што ги наложува пропис или безбедноста важат веднаш.
13. Завршни одредби
Софтверот и знакот NG Metrix се наши; Клиентот ги користи додека трае договорот, а ние смееме да користиме збирни технички податоци од кои не може да се препознае ниту Клиентот ниту кое било лице. Се применува правото на Република Северна Македонија; спорот прво се решава спогодбено во рок од 30 дена, а потоа е надлежен Основниот граѓански суд Скопје. Клиентот ја одржува точна е-поштата за известувања; известување испратено на неа се смета за доставено и кога таа е застарена. Договорот може да го пренесеме при статусна промена или реорганизација. Ништовна одредба не ги засега другите. Овие услови, Договорот за обработка на личните податоци и понудата се целиот договор; ако понудата определува поинаку, важи понудата. При разлика меѓу македонскиот, албанскиот и англискиот текст важи македонскиот.
Kushtet e përdorimit të NG Metrix
Ndryshimi i fundit: 30.09.2026
1. Për ne dhe për shërbimin
1.1. NG Metrix (ng-metrix.com) është shërbim i NG Solutions DOOEL Shkup, rr. Vasil Gjorgov nr. 20-101, 1000 Shkup, numri amë (ЕМБС) 7854676, numri tatimor (ЕДБ) 4080025631992 („ne“). Kontakt: contact@ngsolutions.mk.
1.2. NG Metrix mbikëqyr temperaturën, lagështinë, derën dhe rrymën në frigoriferë, depo dhe automjete, dërgon alarme me e-mail dhe SMS, ruan alarmet e konfirmuara me masat korrigjuese dhe bën raporte PDF. Pajisjet shiten veçmas, sipas ofertës.
1.3. NG Metrix është mjet ndihmës për kontrollin e Klientit. Nuk është instrument matës dhe nuk i zëvendëson detyrimet e Klientit për sigurinë e ushqimit. Certifikatën sipas EN 12830 e ka vetëm sensori i certifikuar — jo sensori standard, pajisja, softueri as raporti.
1.4. Kushtet vlejnë ndërmjet nesh dhe personit juridik ose tregtarit individual që e përdor shërbimin në veprimtarinë e vet („Klienti“); marrëdhënia është afariste dhe shërbimi nuk u ofrohet konsumatorëve. Klienti i pranon këto kushte, Marrëveshjen për përpunimin e të dhënave personale dhe ofertën me pranimin e ofertës ose në hyrjen e parë të pronarit, dhe konfirmon se e ka lexuar Politikën e privatësisë. Personi që pranon konfirmon se është i autorizuar ta përfaqësojë Klientin.
2. Llogaritë
Klienti i fton përdoruesit, u cakton role dhe përgjigjet për gjithçka që bëhet përmes llogarive të tyre; i çaktivizon me kohë personat që largohen. Fjalëkalimet janë personale. Për hyrje të dyshimtë Klienti na njofton menjëherë.
3. Detyrimet e Klientit
3.1. Klienti i përcakton kufijtë e alarmit, rregullat e heshtjes, orët e qeta dhe kontaktet për alarm, i kontrollon pas montimit dhe i mban të saktë — edhe kur i fusim ne sipas të dhënave të tij.
3.2. Klienti i mban sensorët dhe pajisjet në vendin e tyre, me rrymë, të padëmtuara dhe me rrjet, dhe na njofton menjëherë nëse i zhvendos, i dëmton ose i humb.
3.3. Klienti siguron që dikush t’i marrë alarmet dhe të veprojë sipas tyre. Vendimet për mallin i merr Klienti.
3.4. Klienti i përmbush vetë detyrimet e tij ligjore: HACCP, ruajtjen e regjistrimeve në afatet ligjore, verifikimin e instrumenteve matëse sipas EN 13486 aty ku e kërkon rregullorja dhe informimin e punonjësve dhe të shoferëve. NG Metrix nuk ndjek afate për verifikim ose kalibrim. Matjet, konfirmimet dhe raportet i ruajmë 3 vjet për sa kohë zgjat kontrata; para përfundimit, dhe për afate më të gjata, Klienti i shkarkon vetë raportet.
4. Alarmet
4.1. Alarmi dërgohet sapo NG Metrix të vërejë dalje nga kufijtë ose një ngjarje tjetër për të cilën është vendosur rregull, sipas cilësimeve të Klientit; orët e qeta mbajnë vetëm paralajmërimet.
4.2. Matjet dhe alarmet varen nga rryma, rrjeti celular, interneti, ofruesit e SMS-ve dhe të e-mailit dhe nga pajisjet e marrësit, prandaj nuk garantojmë se çdo mesazh do të arrijë, as kur. Për sa kohë pajisja është pa lidhje, alarmi nuk mund të dërgohet dhe një pjesë e të dhënave (p.sh. lagështia dhe dera) humbet.
5. Raportet
Raporti i tregon të dhënat që NG Metrix i ka marrë; periudhat pa matje janë të shënuara. Raporti për inspektim bëhet vetëm nga sensorët e certifikuar (EN 12830); nëse në njësi gjatë periudhës nuk ka matur asnjë, raporti për të nuk bëhet. Raporti nuk është konfirmim yni se Klienti është në përputhje me rregullat.
6. Pajisjet
6.1. Pajisjet i dorëzojmë dhe i montojmë sipas ofertës; Klienti siguron qasje (edhe për mirëmbajtje), rrymë dhe kushte të sigurta.
6.2. Pajisjet e shitura janë tonat deri në pagesën e plotë, ndërsa rreziku kalon te Klienti me dorëzimin.
6.3. Vlen garancia e prodhuesit, të cilën e realizojmë përmes nesh; nuk mbulon dëmtimet, përdorimin e parregullt, ndërhyrjet e palëve të treta dhe bateritë e konsumuara. Përtej garancisë përgjigjemi vetëm me riparim ose zëvendësim, përveç kur ligji përcakton ndryshe. Të metat e dukshme Klienti i lajmëron në dorëzim, ndërsa ato të fshehura — menjëherë sapo t’i zbulojë. Nuk garantojmë mbulim me rrjet celular.
7. Disponueshmëria dhe mbështetja
Përpiqemi që NG Metrix të punojë pa ndërprerje, por nuk garantojmë punë të pandërprerë as përqindje disponueshmërie. Mirëmbajtjen e bëjmë kur ngarkesa është më e vogël, ndërsa riparimet urgjente të sigurisë edhe pa njoftim. Mbështetja (e-mail, telefon, terren) është sipas paketës në ofertë; njoftimet dhe lajmërimet për defekte shkojnë në contact@ngsolutions.mk.
8. Çmimet dhe pagesa
8.1. Tarifat, mesazhet SMS, mbështetja dhe vizitat shtesë janë sipas ofertës; mbi to llogaritet TVSH. Fatura paguhet në llogarinë dhe në afatin e shënuar në të, e nëse nuk ka afat — brenda 10 ditëve nga lëshimi. Për pagesë të vonuar llogaritet kamata ligjore ndëshkuese. Periudha falas që japim vlen vetëm ashtu siç është shënuar në ofertë ose në NG Metrix dhe nuk anulon asnjë faturë të mëparshme të papaguar.
8.2. Nëse fatura nuk paguhet deri në afat, Klientit i dërgojmë kujtesë për pagesë me e-mail. Nëse fatura nuk paguhet as pas kësaj, llogaria e Klientit në NG Metrix bllokohet automatikisht — më së hershmi 10 ditë pas afatit të pagesës dhe më së hershmi 7 ditë të plota pas kujtesës; nëse ajo ditë bie të shtunën ose të dielën, bllokimi bëhet të hënën. Nga bllokimi ndalen të gjitha alarmet — me e-mail dhe me SMS, edhe ato kritike — dhe njësitë e Klientit nuk mbikëqyren më. Aplikacioni bllokohet: pronari mund vetëm të hyjë, të shkarkojë eksportin e plotë të të dhënave dhe të shohë si të paguajë. Bllokimi nuk e zvogëlon tarifën.
8.3. Nëse borxhi nuk paguhet as 60 ditë pas bllokimit, kontrata përfundon dhe të gjitha të dhënat e Klientit fshihen automatikisht, përveç atyre që mbeten sipas pikës 9.3. Paralajmërimin e dërgojmë së paku 7 ditë para ditës së fshirjes. Detyrë e Klientit është që para asaj dite t’i shkarkojë dhe t’i ruajë regjistrimet që sipas ligjit duhet t’i ruajë (p.sh. për HACCP). Borxhi mbetet edhe pas bllokimit, edhe pas fshirjes.
8.4. Sapo të na arrijë pagesa e borxhit, llogarinë e zhbllokojmë pa vonesë. Mund ta zhbllokojmë edhe në çdo kohë para kësaj, edhe për një periudhë të caktuar (p.sh. me premtim për pagesë); nëse borxhi nuk paguhet deri në fund të asaj periudhe, llogaria bllokohet përsëri automatikisht, për çka Klientin e njoftojmë në zhbllokim.
9. Kohëzgjatja dhe përfundimi
9.1. Kontrata zgjat aq sa përcakton oferta, e nëse nuk përcakton — për kohë të pacaktuar. Klienti mund ta shkëpusë me njoftim 30 ditë përpara; nëse oferta përcakton periudhë minimale, shkëputja vlen më së hershmi në fund të saj. Nëse Klienti e shkëput pa shkak nga ana jonë, pagesa paraprake nuk kthehet.
9.2. Ne mund ta shkëpusim kontratën me njoftim 30 ditë përpara pa arsyetim, dhe menjëherë në rast shkeljeje të rëndë të këtyre kushteve. Nëse e shkëpusim pa shkak nga ana e Klientit, e kthejmë pagesën paraprake për periudhën pas përfundimit.
9.3. Pas përfundimit, përveç sipas pikës 8.3, Klienti ka 30 ditë t’i shkarkojë raportet, dhe me kërkesë me shkrim të dorëzuar brenda këtij afati i dërgojmë edhe eksport të plotë (CSV). Pastaj të dhënat fshihen, ndërsa kopjet rezervë — sipas ciklit të tyre të rregullt. Mbeten vetëm të dhënat për Klientin, faturat, regjistrimi i pranimit dhe evidenca e aktiviteteve, aq sa kërkon ligji ose deri në parashkrimin e kërkesave të ndërsjella.
10. Çfarë nuk lejohet
Kopjimi, rishitja, ndërtimi i një produkti konkurrues, mbingarkimi, përdorimi i paligjshëm dhe tentimi për qasje në të dhënat e një klienti tjetër janë bazë për bllokim të llogarisë ose shkëputje të kontratës. Në rast kërcënimi të drejtpërdrejtë për sigurinë mund ta kufizojmë qasjen menjëherë, pa fshirë të dhëna.
11. Përgjegjësia
11.1. Klienti përgjigjet për mallin, për vendimet për të dhe për detyrimet e tij ligjore.
11.2. Nuk përgjigjemi për mall të prishur, tërheqje produktesh, dënime dhe gjoba, fitim të humbur dhe dëme të tjera të tërthorta, as për dëme nga: kufij, cilësime ose kontakte të gabuara; pajisje të zhvendosura, të dëmtuara ose të fikura; përdoruesit, pajisjet dhe fjalëkalimet e Klientit; ndërprerje të rrymës, të rrjetit celular, të internetit ose te ofruesit e SMS-ve dhe të e-mailit; bllokim të llogarisë për borxh të papaguar.
11.3. Përgjegjësia jonë e përgjithshme kufizohet në tarifat për NG Metrix që Klienti na i ka paguar në 12 muajt para ngjarjes.
11.4. Pikat 11.2 dhe 11.3 nuk vlejnë për dëmin e shkaktuar me dashje ose nga pakujdesia e rëndë, as për përgjegjësinë që sipas ligjit nuk mund të përjashtohet ose të kufizohet.
11.5. Klienti na dëmshpërblen për kërkesat e palëve të treta, përfshirë gjobat, që rrjedhin nga shkelja e tij e këtyre kushteve ose e rregullave.
11.6. Nuk përgjigjemi për mospërmbushje për shkak të forcës madhore, përfshirë ndërprerjet te ofruesit e tretë; nëse zgjat më shumë se 30 ditë, secila palë mund ta shkëpusë kontratën.
12. Ndryshimet
Për ndryshimet e kushteve ose të çmimeve njoftojmë me e-mail 30 ditë përpara. Klienti që nuk pajtohet mund ta shkëpusë kontratën para ndryshimit, edhe brenda periudhës minimale, pa tarifë për periudhën pas kësaj; nëse vazhdon ta përdorë shërbimin, e pranon ndryshimin. Çmimet e reja nuk vlejnë kurrë prapaveprueshëm as për periudhë të paguar tashmë. Ndryshimet që i imponon një rregull ose siguria vlejnë menjëherë.
13. Dispozitat përfundimtare
Softueri dhe emri NG Metrix janë tonat; Klienti i përdor për sa kohë zgjat kontrata, ndërsa ne mund të përdorim të dhëna teknike përmbledhëse nga të cilat nuk mund të njihet as Klienti as ndonjë person. Zbatohet e drejta e Republikës së Maqedonisë së Veriut; mosmarrëveshja së pari zgjidhet me marrëveshje brenda 30 ditëve, e pastaj kompetente është Gjykata Themelore Civile Shkup. Klienti e mban të saktë e-mailin për njoftime; njoftimi i dërguar në të konsiderohet i dorëzuar edhe kur ai është i vjetruar. Kontratën mund ta bartim në rast ndryshimi statusor ose riorganizimi. Dispozita e pavlefshme nuk i prek të tjerat. Këto kushte, Marrëveshja për përpunimin e të dhënave personale dhe oferta janë e gjithë kontrata; nëse oferta përcakton ndryshe, vlen oferta. Në rast dallimi ndërmjet tekstit në maqedonisht, shqip dhe anglisht, vlen teksti në maqedonisht.
NG Metrix Terms of Use
Last updated: 30.09.2026
1. About us and the service
1.1. NG Metrix (ng-metrix.com) is a service of NG Solutions DOOEL Skopje, Vasil Gjorgov 20-101, 1000 Skopje, North Macedonia, company reg. no. (EMBS) 7854676, tax no. (EDB) 4080025631992 ("we"). Contact: contact@ngsolutions.mk.
1.2. NG Metrix monitors temperature, humidity, doors and mains power in cold rooms, warehouses and vehicles, sends alarms by e-mail and SMS, keeps acknowledged alarms with their corrective actions and makes PDF reports. Equipment is sold separately, as set out in the offer.
1.3. NG Metrix is an aid to the Customer's own control. It is not a measuring instrument and does not replace the Customer's food-safety obligations. Only the certified sensor holds the EN 12830 certificate — not a standard sensor, the device, the software or the report.
1.4. These terms apply between us and the legal entity or sole trader that uses the service in its business (the "Customer"); the relationship is business-to-business and the service is not offered to consumers. The Customer accepts these terms, the Data Processing Agreement and the offer by accepting the offer or at the owner's first sign-in, and confirms that it has read the Privacy Policy. The person accepting confirms that they are authorised to represent the Customer.
2. Accounts
The Customer invites users, assigns their roles and is responsible for everything done through their accounts; it promptly deactivates people who leave. Passwords are personal. The Customer tells us at once about any suspicious sign-in.
3. The Customer's duties
3.1. The Customer decides the alarm limits, silence rules, quiet hours and alarm contacts, checks them after installation and keeps them accurate — also when we enter them from its details.
3.2. The Customer keeps sensors and devices in place, powered, undamaged and connected, and tells us at once if it moves, damages or loses them.
3.3. The Customer makes sure someone receives the alarms and acts on them. Decisions about the goods are the Customer's.
3.4. The Customer meets its own legal obligations itself: HACCP, keeping records for the legal periods, verification of measuring instruments under EN 13486 where the rules require it, and informing its staff and drivers. NG Metrix does not track verification or calibration dates. We keep readings, acknowledgements and reports for 3 years while the contract lasts; before it ends, and for longer periods, the Customer downloads its reports itself.
4. Alarms
4.1. An alarm is sent as soon as NG Metrix detects a reading out of range or another event for which a rule is set, according to the Customer's settings; quiet hours hold back only warnings.
4.2. Readings and alarms depend on mains power, the mobile network, the internet, the SMS and e-mail providers and the recipient's devices, so we do not guarantee that every message will arrive, or when. While a device has no connection, no alarm can be sent and some data (for example humidity and door) is lost.
5. Reports
A report shows the data NG Metrix received; periods without readings are marked. The inspection report is built only from certified sensors (EN 12830); if none measured in a unit during the period, no report is made for that unit. A report is not our confirmation that the Customer complies with the regulations.
6. Equipment
6.1. We deliver and install equipment as set out in the offer; the Customer provides access (also for maintenance), power and safe conditions.
6.2. Equipment sold remains ours until paid in full; the risk passes to the Customer on delivery.
6.3. The manufacturer's warranty applies, handled through us; it does not cover damage, misuse, work by third parties or worn-out batteries. Beyond the warranty we are liable only for repair or replacement, except where the law provides otherwise. The Customer reports visible defects at handover and hidden ones as soon as it finds them. We do not guarantee mobile network coverage.
7. Availability and support
We aim to keep NG Metrix running at all times, but we do not guarantee uninterrupted operation or any availability percentage. Maintenance is done when load is lowest; urgent security fixes may be made without notice. Support (e-mail, phone, on site) follows the package in the offer; notices and fault reports go to contact@ngsolutions.mk.
8. Fees and payment
8.1. Fees, SMS messages, support and extra visits are as set out in the offer, plus VAT. Invoices are payable to the account and within the term stated on them or, if no term is stated, within 10 days of issue. Statutory default interest is charged on late payment. A free period we grant applies only as stated in the offer or in NG Metrix and does not cancel any earlier unpaid invoice.
8.2. If an invoice is not paid by its due date, we send the Customer a payment reminder by e-mail. If the invoice is still not paid, the Customer's NG Metrix account is blocked automatically — no earlier than 10 days after the due date and no earlier than 7 full days after the reminder; if that day falls on a Saturday or Sunday, the block happens on the Monday. From the block, all alarms stop — by e-mail and by SMS, critical ones included — and the Customer's units are no longer watched. The app is locked: the owner can only sign in, download the full export of the data and see how to pay. The block does not reduce the fees.
8.3. If the debt is still unpaid 60 days after the block, the contract ends and all the Customer's data is deleted automatically, except what remains under point 9.3. We send a warning at least 7 days before the deletion date. It is the Customer's duty to download, before that date, and keep the records the law requires it to keep (for example for HACCP). The debt remains owed after the block and after deletion.
8.4. As soon as payment of the debt reaches us, we unblock the account without delay. We may also unblock it at any time before that, including for a set period (for example on a promise to pay); if the debt is not paid by the end of that period, the account is blocked again automatically, as we tell the Customer when we unblock it.
9. Term and termination
9.1. The contract runs for the period set in the offer or, if none is set, indefinitely. The Customer may terminate with 30 days' notice; if the offer sets a minimum period, termination takes effect no earlier than its end. If the Customer terminates for no reason on our side, prepaid fees are not refunded.
9.2. We may terminate with 30 days' notice without giving a reason, and immediately for a serious breach of these terms. If we terminate for no reason on the Customer's side, we refund the prepaid fees for the period after termination.
9.3. After termination, except under point 8.3, the Customer has 30 days to download its reports, and on a written request made within that period we also deliver a full export (CSV). The data is then deleted, and backups on their regular cycle. Only the Customer's details, invoices, the record of acceptance and the activity log remain, for as long as the law requires or until mutual claims are time-barred.
10. What is not allowed
Copying, reselling, building a competing product, overloading, unlawful use and trying to reach another customer's data are grounds for blocking the account or terminating the contract. In case of an immediate security threat we may restrict access at once, without deleting data.
11. Liability
11.1. The Customer is responsible for the goods, for decisions about them and for its own legal obligations.
11.2. We are not liable for spoiled goods, product recalls, penalties and fines, lost profit or other indirect loss, or for loss caused by: wrong limits, settings or contacts; devices moved, damaged or switched off; the Customer's users, devices and passwords; outages of mains power, the mobile network, the internet or the SMS and e-mail providers; the account being blocked for an unpaid debt.
11.3. Our total liability is limited to the fees for NG Metrix that the Customer paid us in the 12 months before the event.
11.4. Points 11.2 and 11.3 do not apply to loss caused intentionally or by gross negligence, or to liability that the law does not allow to be excluded or limited.
11.5. The Customer indemnifies us against third-party claims, including fines, arising from its breach of these terms or of the regulations.
11.6. We are not liable for failure to perform caused by force majeure, including outages at third-party providers; if it lasts more than 30 days, either party may terminate.
12. Changes
We give 30 days' notice by e-mail of changes to these terms or to prices. A Customer who does not agree may terminate before the change, even within a minimum period, and owes nothing for the period after; if it keeps using the service, it accepts the change. New prices never apply retroactively or to a period already paid. Changes required by regulation or for security apply at once.
13. Final provisions
The software and the NG Metrix name are ours; the Customer uses them while the contract lasts, and we may use aggregated technical data from which neither the Customer nor any person can be identified. The law of the Republic of North Macedonia applies; a dispute is first settled amicably within 30 days, after which the Basic Civil Court Skopje has jurisdiction. The Customer keeps its notice e-mail address accurate; a notice sent to it counts as delivered even if the address is out of date. We may transfer the contract on a change of legal status or a reorganisation. An invalid provision does not affect the rest. These terms, the Data Processing Agreement and the offer are the whole agreement; where the offer says otherwise, the offer prevails. If the Macedonian, Albanian and English texts differ, the Macedonian text prevails.